Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино го критикуваше системот за видео помош на судиите (ВАР).

Иако, ВАР му помогна на Тотенхем да го победи Челзи на вчерашниот дуел кога судијата Мајкл Оливер, по гледањето на видео снимката го поништи офсајдот и досуди пенал што го реализира Хари Кејн, Покетино не е задоволен од „сецкањето“ на играта.

– Искрено, не сум многу среќен со овој систем. Ние мора да се усогласиме како ќе се користи. Треба да го развиеме овој систем, треба да работиме со играчи, тренери и судии, и треба да биде алатка за подобрување на играта. Ова е систем кој понекогаш убива емоции. Се разбира, денес добивме мала корист и за нас беше добра одлука, но не прославував, бидејќи чекавме пет минути, изјави Покетино.

Премиерлигата планира да воведе VAR од следната сезона, додека системот се тестира во куп натпреварувањата.