Патниците кои синоќа беа на њујоршката станица Гранд централ на Менхетен имаа можност во живо да го слушаат концертот на еден од основачите на легендарните „Битлси“, Пол Макартни.
Концертот можеше да се следи и преку интернет, а патниците на станицата можеа да го слушаат Макартни како во живо ги изведува песните, но без да го видат. Легендарниот музичар настапуваше позади голема црна завеса, а само избрани гости можеа да присуствуваат во одвоениот дел.
Меѓу гостите кои можеа да се видат на овој невообичаен концерт на Макартни имаше многу познати личности како Џон Бон Џови, Мерил Стрип, Кејт Мос, Шон Ленон и други.
На станицата Гранд централ 76-годишниот Макартни изведе 24 песни снимени во текот на неговата 50-годишна кариера.