Албумот „Egypt station” (Египетска станица) на Пол Мекартни (76) е најпродаван за минатата недела во САД, и тоа се случува првпат по речиси четири децении, објави музичкото списание „Билборд“.
Ова е 17-тиот соло-албум на сер Пол и има 16 песни. Од неговото издавање на 7 септември годинава, албумот е продаден во 153.000 примероци во САД.
Последен пат поранешниот член на „Битлс” имаше албум број 1 на американската топ-листа пред 36 години.