Шпанската тенисерка Пола Бадоса синоќа ја победи Белорусинката Викторија Азаренка во финалето на турнирот во Индијан Велс со 2-1, по сетови  7:6 (7:5); 2:6 и 7:6 (7:2).

Дваесет и тригодишната Бадоса стана првата Шпанка која победила на турнирот.

Во 1996 година, Кончита Мартинез стигна до финалето, но загуби од Германката Штефи Граф (6:7, 6:7).

За Бадоса, ова е втора ВТА титула во нејзината кариера.

Оваа година Шпанката стана победник и на турнирот во Белград.