Еден човек од Франкфурт освоил 15,3 милиони евра на лотарија, но тоа го открил дури шест месеци подоцна, кога го пронашол заборавениот билет во џебот на палтото, соопшти компанијата Лото Хесен.
Германецот не знаел за својата добивка цела пролет и лето, и покрај кампањата за пронаоѓање на добитникот, со постери што го поканувале добитникот да се јави, објавува Гардијан.
Добитникот рекол дека дури и слушнал за кампањата за пронаоѓање на среќниот добитник, но дека немал поим дека можеби е тој.
„Слушнав за тоа на радио во тоа време и си помислив – колку глупав можеш да бидеш што не го земаш? Никогаш не ми паднало на памет дека би можел да бидам личноста што ја бараат“, рекол човекот.
Тој го открил добитниот билет кога времето во Германија се оладило, и кога извадил јакна што не ја носел од март, го нашол билетот во неговиот џеб.
„Кога ги проверив броевите на мојот телефон и ја видов добитната сума, бев целосно шокиран, за среќа седев, инаку колената ќе ми попуштеа“, рече добитникот на лотарија.