Полицијата во Јагодина, во соработка со полицијата во Крагуевац, уапси двајца полицајци од Панчево.

Тие се осомничени за ограбување на поштата во Багрдан, близу Јагодина, и земале 800.000 динари, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува, дека постои сомневање дека полицајците на С.П. (35) и С.Ј. (29) од Панчево утринава, во 8:30 часот, маскирани, влегле во поштата во селото Багрдан во близина на Јагодина, а од  вработената, со закана со пиштол, земале околу 800.000 динари.

За време на претресот, полицијата пронашла пари, како и пиштоли за кои постои сомневање дека биле користени при извршувањето на кривичното дело.