Уапсено момчето кое со мачета упадна во загрепската гимназија, каде што му се заканувал на еден од учениците.
Според полицијата, младиот човек бил уапсен во месноста Медвешчак. Се работи за 18-годишник.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата интервенирала и нема повредени во инцидентот.
„Индекс.хр“ од повеќе извори дознава дека младиот човек кој упаднал во училиштето бил вооружен со мачета.
Се уште се истражуваат сите околности и мотивот зад овој настан.
Според информациите кои ги доби „Јутарњи“, станува збор за помладо лице кое не е ученик во оваа гимназија. Вооружениот млад човек влегол во една од паралелките од четврта година, заканувајќи му се на професорот.
Според неофицијални информации, позадината на инцидентот е врсничка расправија поради која младиот човек влегол во училиштната зграда.
По инциденот тој побегнал од местото, а полицијата по неколкучасовна потрага го упаси.