Државната полиција на Хаити соопшти дека уапсила осомничен организатор на атентатот врз претседателот Жовенел Моиз.
Уапсен е лекар од Хаити кој живее во американската држава Флорида, изјави на прес-конференција полицискиот командант Леон Чарлс.
– Осомничените убијци го повикале по атентатот, рече Чарлс.
Лекарот е третиот американски државјанин со хаитско потекло, и вкупно 21 лице, задржано како осомничено лице во случајот и се смета дека е организатор на операцијата.
Другите двајца, исто така, наводно живеат во Флорида. Таа американска држава е оддалечена од Хаити околу илјада километри. Другите 18 осомничени кои се притворени се по потекло од Колумбија.