Oд 2020 година полицијата во Дубаи ќе користи електрични мотоцикли способни за вертикално полетување и слетување.
Полицајците веќе почнаа со обука за новата технологија, јави Си-Ен-Ен. Беспилотните летала С-3 се производ на компанија од Калифорнија, Hoversurf, и тие може да развијат брзина од околу 100 километри на час.
Електричните мотоцикли ќе може во воздух да бидат максимум 25 минути. Цената за еден таков летечки мотоцикл е 150.000 американски долари.