Во обид да растера илјадници демонстранти во Минск, полицијата употреби водени топови и почна да апси луѓе кои излегоа на улиците денеска по ненадејната инаугурација на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Во Белорусија речиси секојдневно има протести од изборите минатиот месец, на кои Лукашенко извојува убедлива победа, но неговите противници велат дека резултатите од гласањето биле наместени.
Инагурацијата на Лукашенко се одржа денеска без претходна најава.
Членот на Координативниот совет на опозицијата Павел Латушко на социјалните мрежи напиша ека тој и неговите сојузници никогаш нема да ја прифатат фалсификуваната изборна победа на Лукашенко и побараа нови претседателски избори.
– Ги повикуваме сите веднаш да започнат кампања за граѓанска непослушност, истакна Латушко.