Њујорк – Шефот на антитерористичкиот оддел на Њујорк, Џон Милер изјави декапостои сомневање дека исто лице ги испратило експлозивните пакети до Си-Ен-Ен, Џорџ Сорос, Клинтонови и до Барак Обама.

Милер одржа прес конференција заедно со ФБИ каде соопштија дека сите откриени експлозивни направи се всушност грубо направени цевни бомби. Засега никој не е уапсен ниту има повредени.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио додаде дека испраќањето сомнителни и експлозивни пакети во САД е „чин на тероризам“.