Повеќе од десетина дена Финансиската полиција која ја раководи кадар на СДСМ Арафат Муареми ја “чешла” единствената критички настроена македонска телевизија Алфа, а на чешлањето се надоврзува и МВР преку своето одделение за организиран криминал.
Според извори во Финансиската полиција која јавно не открива каква истрага врши во Алфа се работи за проверка на документација на фирмата за финансиско работење. Според неофицијални информации се работи за контрола на договори за соработка меѓу телевизијата и правни лица. Од финансиската полиција побарале целосна документација за да увидат со кои правни субјекти Алфа има деловен однос.
Она што е скандалозно е тоа што од финансиската полиција практично побарале да имаат увид во целата програма на Телевизија Алфа која ја побарале во mp4 формат.
Претходно на први април годинава скопското Јавно обвинителство по добиена кривична пријава од непознат субјект поднесе кривична пријава против правното лице кое е сопственик на Алфа ТВ за предмет од 2013 и 2014 година, иако моменталното сопствеништво на телевизијата тогаш немало буквално никаква врска со телевизијата.
Алфа во моментов е една од трите најгледани македонски телевизии и единствена која е критички настроена кон власта. Полициските и обвинителските притисоци врз телевизијата доаѓаат во периодот кога овој медиум има значителел зголемен рејгинг на гледаност и практично почнува со гледаност да се носи дури и со најгледаните Сител и Канал 5.