Во акциска контрола спроведена синоќа на 18/19 јули во времето од 19,00 до 01,00 часот за откривање возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје, полицијата санкционираше седум возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци.
Како што соопшти МВР, акцијата е спроведена од Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.во рамки на мерките против „диви тркачи“ на скопските улици.