Албанската полиција по 12-часовна потрага утрово го уапси мажот, кој синоќа во селото Ресулај кај Валона, уби осум и рани шест негови роднини.
Како што јави МИА, убиецот бил пронајден сокриен во шумскиот предел на излезот од селото. На местото е пронајдена и автоматската пушка „калашњиков“, со која тој ги изврши убиствата.
Повеќекратниот убиец, 24-годишниот Ридван Зикај синоќа околу 19 часот со автоматска пушка ги братот на дедо му, неговата сопруга, двајцата синови, двете снаи и двајцата внуци.
Настанот е еден од најсмртоносните во последните децении во Албанија, во кој сторител не е прихички расторено лице, туку корисник на дрога. Тоа е повеќекратно убиство најголем број жртви во Албанија по 1990 година.
Истргата се уште нема точна информација за мотивите, но медиумите тврдат дека станува збор за кавга околу имот.
Зикај, е префрлен во Полицискиот комесаријат во Валона, каде ќе биде подложен на тестови за утврдеување на неговата психичка состојба.
Во периодот додека полицијата го бараше, тој на Фејсбук објави неколку пораки, а во една од нив му се потсмеваше на албанскиот премиер Еди Рама, порачувајќи му дека не може да го најде.
Дваесет и четиригодишен маж синоќа околу 19 часот со автоматска пушка смртно застрела осум и рани уште шестмина членови од на неговото семејство во селото Ресулај, кај албанскиот приморски град Валона.
Според полицијата, меѓу убиените се и три жени и две деца.
Убиецот прво влегол во куќата на 75-годишниот брат на дедо му и го усмртил со рафали од автоматска пушка, заедно со неговата 72-годишна сопруга и нивниот син и снаа на возраст од 45 и 42 години.
Потоа, заминал во домот на другиот син на братот на дедо му, која била во близина, каде ги убил 43-годишниот сопственик на куќата, неговата 42-годишна сопруга и нивните две деца на возраст од 16 и осум години.
Во нападите во двете куќи се ранети уште шест лица, членови на истото семејство.
Веднаш потоа убиецот се дал во бегство. Полицијата претпоставува дека тој се крие во блиската шума.
Во потрага по него се вклучени бројни полициски сили, како и припадниците на специјалната единица Ренеа и единицата за брзи интервенции.
Полицијата апелира за соработка до граѓаните, но и предупредува да бидат внимателни бидејќи бегалецот е вооружен и опасен по околината. За каква било информација која би помогнала да биде фатен, полицијата ги замолува граѓаните да се јават на бесплатна телефонска линија.
Во селото синоќа пристигнаа и министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај и генералниот директор на полицијата Арди Велиу, кои одблиску ја следат акцијата.
Повикани на разговор се родителите на убиецот, кои тврделе дека не ни знаеле дека тој поседува оружје и дека трагичниот настан се случил откако една од убиените жени го обвинувала дека е крадец.
Мотивите за масакрот се уште не се познати.