Според италијанската полиција, три големи мафијашки групи се подлабоко навлегуваат во економијата на Рим. Тие понекогаш и соработуваат заради поголема ефикасност.
Во шестмесечен извештај на националната Дирекција за истраги против мафијата, се укажува за тоа како сицилијанската мафија, Камора и Ндрангета се здобиваат со незаконски профити претежно во римски хотели, ресторани и продавници често со учество на адвокати и сметководители.
Од Дирекцијата утврдуваат како мафијашите од трите криминални групи базирани во јужна Италија, се појавуваат и прикриваат во густо населени квартови во Рим. Спотред извештајот, криминалците отвораат фирми управувани од професионалци, за да дојдат до јавни тендери.
Во извештајот се предупредува за способноста на мафијашите да корумпираат државни службеници.