Поранешниот вработен во американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден, наскоро ќе поднесе барање за руско државјанство, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
– Тој ги подготви сите потребни документи и наскоро ќе биде покрената постапка за добивање руско државјанство, рече Кучерена, пренесува ТАСС.
Сноуден, кој во октомври доби дозвола за неограниченн престој во Русија, претходно на Твитер најави дека сака да го задржи и американското државјанство.
Барањето за руско државјанство Сноуден доаѓа откако неговата сопруга Линдзи Милс објави дека е бремена.
Сноуден во 2013 година најде засолнипште во Русија откако побегна од САД, каде се соочува со обвинувања за шпионажа бидејќи откри глобална програма за прислушување и следење ширум светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп во август најави дека е можно помилување на Сноуден, кој се соочува со 30-годишна затворска казна поради шпионажа.
Сноуден, на кого му е одземен американскиот пасош на барање на Вашингтон, пристигна во Москва во мај 2013 година од Хонг Конг и планираше да се засолни во Јужна Америка. Но беше блокиран во Русија каде доби азил. сс