Конфискацијата на над 40 тона дрога претставува една од најголемите заплени во независноста на Македонија. Само во струмичко од една фирма беа запленети над 21 тон марихуана.
Според досегашните информации кои што кружат во јавноста, сопственик на фирмата од која е одземена марихуаната е Тони Котев, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ – Ново Село во мандатот на поранешниот премиер Зоран Заев.
„Над две третини од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев. Фирмата „ЦБД Медплант“ во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на Општинската организација Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 па се до 11.2025, има испорачано 19 тони марихуана кон скопската фабрика“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес-конференција.
Деновиве на социјалните мрежи се шири фотографија токму од Котев и Филипче како позираат пред штаб на опозициската СДСМ.

Се поставува прашањето дали претседателот на опозициската партија Венко Филипче бил во тек и запознаен со илегалните работи на својот партиски другар и тоа го аминувал.
Извор: Курир




