На претседателот на црногорското Граѓанско движење УРА, Дритан Абазовиќ, му се заканувал член на криминалната група на косовскиот нарко бос, Насер Каљменди, дознава неофицијално весникот „Дан“ од извор од таа партија.
Според сознанијата на „Дан“, станува збор за лице кое има црногорски документи, а живее во Косово.
Граѓанското движење УРА вчера одржа вонредна прес-конференција, на која тие соопштија дека имаат информации дека на Дритан Абазовиќ му се заканувал криминален клан од регионот. Како што објавија, еден од членовите на тој клан е црногорски државјанин. Сепак, партијата не сакаше официјално да објави за кого станува збор.