Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, од вчера е во работна посета на Република Грција каде ќе престојува до 3 ноември.
Во рамки на посетата, Грковска ќе оствари средби со министерот за дигитална политика Димитрис Папастергиу, министерот за правда Јоргос Флоридис и заменик директорката на грчката Национална агенција за транспарентност, Александра Рокгаку.
Работната посета на Атина вклучува и средба со потпретседателот на Националната школа за јавна администрација и локална самоуправа, Јоргос Флоридис.
Фото: МИА архива