Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година.
Како најлош момент во работата на Вархеји, „Политико“ ја наведува токму блокадата на Бугарија кон земјава, поради билатералниот спор за јазикот и идентитетот.
-Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на С. Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП (Европската народна парија) не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов, пишува „Политико“.
Вархеји исто така е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина, додава „Политико“.
Според анализата на „Политико“, сепак, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и Северна Македонија е германското претседателство, а не Вархеји.
-Се додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната, пишува „Политико“ во анализата на работата на еврокомесарите.