Оваа недела американската администрација ќе и претстави на иранската Влада нови предлози за деблокирање на ситуацијата околу Заедничкиот сеопфатен план за акција, насочена кон решавање на кризата околу нуклеарниот договор со Техеран. Ова во понеделникот го објави „Политико“, повикувајќи се на два извора.
Весникот објаснува дека иницијативата на САД предвидува одредено олеснување на санкциите на САД против Иран како одговор на суспензијата од страна на Техеран на некои нуклеарни активности, како што се употреба на современи центрифуги на гас и збогатување на ураниум до 20 отсто. Во текстот не се даваат други детали за предлогот на САД. Извори на „Политико“ потенцираат дека Вашингтон продолжува да искристализира некои специфики од ваков вид.
Во написот се вели и дека на почетокот на оваа година, Иран веќе отфрлил еден американски предлог за условите двете земји да се вратат во целосна согласност со нуклеарниот договор, а потоа презентираше свои предлози кои не и одговараат на американската страна. „Политико“ сведочи дека САД и Иран веќе неколку недели „разменуваат идеи како да започнат преговори“. Сепак, нема директен контакт меѓу Вашингтон и Техеран, тие работат главно преку Европејци, пишува весникот.
Според информациите на „Политико“, САД претходно му понудиле на Иран пристап до дел од замрзнатите средства во замена за одбивање на збогатување ураниум до 20 отсто. Техеран смета дека таквата размена е нееднаква и му нуди на Вашингтон да ги укине сите американски санкции против Иран во замена за едномесечно запирање на збогатувањето на ураниум, објави „Политико“. Според информациите со кои располага весникот, Американците го отфрлиле иранскиот одговор како несериозен.