Пратениците во Долниот дом на полскиот Сејм одобрија мерка со која повеќето млади работници ќе бидат ослободени од обврската да плаќаат данок на доход.
Одлуката е усвоена со цел да се спречи заминувањето на младите во други земји од ЕУ во потрага по подобри плати.
Со оваа мерка се пропишува работниците помлади од 26 години, чии годишни заработувачки не надминуваат 20.000 евра, да бидат ослободени од данок на доход.
Медиумите објавуваат дека тој износ ја надминува годишната бруто плата во Полска од 14.131 евра.
Се очекува мерката да биде усвоена и од Горниот дом на Парламентот, но и да биде потпишана од шефот на државата Анджеј Дуда.