Полска распореди стотици војници на границата со Белорусија за да им пружи поддршка на граничарите поради приливот на мигранти кои сакаат да влезат во земјата.
Министерот за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека во операцијата се вклучени повеќе од 900 полски војници и додаде дека повеќето мигранти се обидуваат да преминат од Ирак.
Полскиот заменик министер за внатрешни работи доцна синоќа објави твит дека границата со Белорусија е запечатена, а војниците се наоѓаат таму веќе една недела.
Тие го обвинуваат Лукашенко дека ги користи мигрантите како инструменти во „хибридна војна“ и дека неговата постапка претставува одговор на санкциите на ЕУ воведени против Белорусија по претседателските избори минатата година, за кои Западот сметаше дека се нерегуларни.
Литванија прва се соочи со големиот број мигранти кои се обидуваат да влезат во земјата.