Полска регистрира 21.049 нови случаи на коронавирус за еден ден, што е најголемо дневно зголемување на бројот на новозаразени лица од 20 ноември кога биле регистрираи над 27 000 случаи во еден ден, соопшти Министерството за здравство во Варшава. Нема податоци колку лица биле тестирани.
Полското Министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа биле пријавени уште 343 смртни случаи од Ковид-19.
Од почетокот на пандемијата, во Полска се регистрирани вкупно 1.889.360 заразени со коронавирус и 47.068 починаа од болеста.