Претседателот на Полската фудбалска федерација Збигњев Боњек зборуваше за тоа кој треба да ја добие Златната топка во 2021 година.
– Не знам кој ќе ја добие Златната топка. Рокот за гласање истече вчера на полноќ. Ми се чини дека Жоргињо да го реализираше последниот пенал во финалето на ЕП, ќе победеше безусловно. Наместо тоа, Донарума излезе на сцената. Се плашам дека Меси, кој го освои Купот на Америка, ќе ја освои Златната топка. Но, за мене најдобар е Левандовски“, изјави Боњек за „Tuttomercatoweb“.
Церемонијата на доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 29 ноември во Париз.
Номинирани за наградата се: Ријад Марез (Манчестер сити, Алжир), Нголо Канте (Челзи, Франција), Ерлинг Халанд (Борусија Д, Норвешка), Леонардо Бонучи (Јувентус, Италија), Мејсон Маунт (Челзи, Англија), Хари Кејн (Тотенхем, Англија), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ, Италија), Карим Бензема (Реал, Франција), Рахим Стерлинг (Манчестер сити, Англија), Николо Барела (Интер, Италија), Роберт Левандовски (Баерн, Полска), Жоргињо (Челзи, Италија), Мохамед Салах (Ливерпул, Египет), Цезар Аспиликуета (Челзи, Шпанија), Ромелу Лукаку (Челзи, Белгија), Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед, Порт угалија), Жерар Морено (Виљареал, Шпанија), Фил Фоден (Манчестер сити, Англија) , Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција), Луис Суарез (Атлетико, Уругвај).