Полскиот ММА борец Томаш Валентек почина во Украина на 23 јули, соопшти полската ММА организација.

Валентек kако украински платеник учествувал во конфликтот против Русите.

„Со голема тага дознавме за смртта на Томек, кој како полски волонтер се бореше во Меѓународната одбранбена легија на Украина и таму загина“, соопштија од Полската ММА федерација.

Валентек во својата биографија навел дека како платеник се борел на Косово против Србите и во Авганистан. Инаку, тој се прослави кога минатата година го освои вториот шампионат во ММА во полскиот град Гливице.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mma Polska (@mmapolska_org)