Марија Малгожата Мачковска, вработена во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола ја доби престижната награда „Рицерски крст – Орден за заслуги на Република Полска“.
Големото признание на Малгожата Мачковска лично и го додели претседателот на Полска Анджеј Дуда за време на престојот во Република Македонија.
Наградата „Рицерски крст –Орден за заслуги на Република Полска“ се доделува на лица заслужни за државата или на граѓани кои со извршување на дела го надминуваат опсегот на нивните вообичаени должности, кои носат значителна корист за државата или граѓаните, за јавна посветеност и добротворни цели.
Марија Малгожата Мачковска е претседател на огранокот на Друштво за македонско – полско пријателство и соработка „Висла“. Таа е креатор, организиратор на традиционалниот концерт „Шопенова вечер“ кој 28 години се одржува во Битола во соработка со Државно музичко училиште – Битола и Амбасада на Полска во Скопје.