Силни перформанси во првото полугодие

Основни перформанси

  • Продажба од 1,9 милијарди фунти, зголемена за 21% и е поттикната од силното закрепнување на „Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси“
  • Основен оперативен профит од 293 милиони фунти, зголемен за 102% и се наоѓа на нивоата пред пандемијата, поттикнат од силниот раст на продажбата и повисоките просечни цени на благородните метали
  • Основна заработувачка по акција од 114.8 пени, како одраз на повисока основна оперативна добивка и пониски нето финансиски трошоци
  • Слободен готовински тек од 189 милиони фунти, стекнат од континуираното силно управување со обртните средства (1П 2020/21: 256 милиони фунти)
  • Силен биланс на состојба со нето долг од околу 700 милиони фунти, бидејќи од помалата побарувачка за автомобили корист има обртниот капитал; нето долг кон EBITDA од 0,9 пати
  • Поврат на вложениот капитал (ROIC) од 17,7%, што е зголемување од 10,4% во претходната година, поттикнат од повисока основна оперативна добивка

Пријавени резултати

  • Приходите се зголемени за 23% примарно поттикнати од повисоките просечни цени на благородните метали
  • По објавување на нашата намера да излеземе од Battery Materials, средствата се оштетени за 314 милиони фунти
  • Оперативна добивка од 20 милиони фунти, како одраз на еднократното оштетување од Battery Materials
  • Загуба пред оданочување од 9 милиони фунти, поттикната од помалата оперативна добивка
  • Пријавена загуба по акција од 14,8 пени
  • Готовински прилив од оперативни активности од 412 милиони фунти (1 П 2020/21: 482 милиони фунти)
  • Рана дивиденда од 22,0 пени по акција, зголемена за 10%
  • Откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти, почнувајќи во Новата Година

Клучни случувања

  • Силни перформанси на тргување, со силен раст на продажбата поттикната од закрепнувањето на Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси
  • Промени на портфолиото – договорена продажба на Advanced Glass Technologies за 178 милиони фунти и се водат разговори за потенцијална продажба на “Health“
  • Најавена намера за излез од Battery Materials
  • Добар моментум во нашите бизниси со водород на Fuel Cells и Green Hydrogen (Горивни Ќелии и Зелен Водород)
  • Нов петгодишен рамковен договор со EKPO (ElringKlinger Plastic Omnium JV) за снабдување со компоненти на горивни ќелии за примена во комерцијални возила
  • По завршување на проширување на капацитетот на нашите водородни технологии, во Обединетото Кралство и Кина, планираме понатамошно проширување низ овие региони
  • Зголемување на системот на можности со синиот водород – сега над 20 проекти – вклучувајќи го и HyNet кој продолжува да се движи кон комерцијализација во 2025 година
  • Во Clean Air сме на пат за силно генерирање готовина во 2021/22 година
  • Испорачани £ 42 милиони заштеда на трошоци, од нашата вкупна програма од £ 110 милиони годишно до 2023/24

Коментар на Роберт Меклеод, Главен Извршен Директор:

Испорачавме издржливи перформанси за тргување во она што беше предизвикувачко опкружување, со оглед на нестабилноста на синџирот на снабдување што влијаеше на голем број наши крајни пазари.

Гледајќи напред, променливиот свет околу нас значи дека Џонсон Мети никогаш не бил порелевантен. Нашата метална експертиза и технологии за процесирање се клучни за многу нови пазари фокусирани на решенија за климатски промени кои ни даваат силна конкурентска предност. Имаме силни основи во Чист Воздух и Ефективни Природни Ресурси и возбудливи можности да го поттикнеме нашиот иден раст во циркуларноста, водородот и декарбонизацијата.

За да се осигураме дека ги фокусираме нашите ресурси на овие основни можности за раст, донесовме некои стратешки одлуки околу нашето портфолио. Конкретно, ја објавивме нашата намера да излеземе од Battery Materials бидејќи заклучивме дека овој бизнис нема да генерира соодветен принос за нас. Дополнително, денеска објавуваме дека договоривме продажба на Advanced Glass Technologies и разговараме за потенцијалната продажба на нашиот Здравствен бизнис.

По осум години во оваа улога, ќе се повлечам од функцијата Главен Извршен Директор, а Лиам Кондон ќе се приклучи како мој наследник од 1 март 2022 година и му посакувам добро во водењето на Џонсон Мети во следната фаза од неговата еволуција.

Изгледи за годината што завршува на 31 март 2022 година

Нашите очекувања за насоките за годината што завршува на 31 март 2022 година се непроменети од нашето ажурирање за тргување од 11ти ноември.

Побарувачката останува силна во многу од нашите крајни пазари. Сепак, нестабилноста на синџирот на снабдување, особено недостатокот на полупроводници, влијае на производството на голем број наши клиенти за автомобили и камиони. Глобалното производство на автомобили сега се предвидува да се намали за 5% за нашата фискална година, што е намалување за 14% од нашето ажурирање на тргувањето во јули4. Следствено, се намалија и цените на благородните метали, најмногу поради помалата побарувачка од автомобилската индустрија. Ние, исто така, доживуваме акутен привремен недостиг на работна сила во САД што негативно влијае на нашиот здравствен бизнис.

За 2021/22 година очекуваме растот на основните оперативни перформанси да биде низок едноцифрен при постојани цени на благородни метали5 и константна валута.

Доколку цените на благородните метали останат на нивното сегашно ниво6 до крајот на оваа година, би очекувале нето корист за цела година од околу 45 милиони фунти.

Според тековните девизни курсеви⁷, преводните девизни движења за годината што завршува на 31 март 2022 година се очекува негативно да влијаат на основната оперативна добивка за околу 15 милиони фунти.

Нашите капитални расходи сега се очекуваат да бидат околу £450 милиони за годината8, со оглед на нашето планирано излегување од Battery Materials.

Дивиденда и откуп на сопствени акции

Одборот одобри рана дивиденда од 22,0 пени по акција, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната година (1 H 2020/21: 20,0 пени по акција). Раната дивиденда ќе биде исплатена на 1 февруари 2022 година на акционерите во регистарот на 3 декември 2021 година.

Одборот, исто така, одобри откуп на сопствени акции од 200 милиони фунти што ќе започне во Новата година.

Објава на Главниот Извршен Директор

Како што беше претходно најавено, Роберт Меклеод ќе се повлече од функцијата Главен Извршен Директор и од одборот на 28 февруари 2022 година. Роберт ќе остане да го поддржува процесот на транзиција до Годишното генерално собрание на компанијата на 21 јули 2022 година, кога потоа ќе се повлече од Џонсон Мети. Лијам Кондон ќе го наследи Роберт Меклеод, приклучувајќи се како Главен Извршен Директор на 1 март 2022 година.

Промена на Одборот за управување со групата

Џоан Брака, Главен Извршен Директор на Clean Air, одлучи да го напушти Џонсон Мети. Последниот ден на Џоан ќе биде на 31 декември 2021 година.

Подетални информации за полугодишните резултати за минатите шест месеци, завршно со 30 септември 2021 година, може да добиете на нашата интернет страница на следниот линк: https://matthey.com/en/news/2021/hy-21-22

***

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети.

Џонсон Мети ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Ова е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицирана и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и компанијата е најголем извозник од Северна Македонија. Џонсон Мети минатата година ја затвори со 1.696 милиони евра увоз и 1.850 милиони евра извоз. Џонсон Мети во Северна Македонија вработува повеќе од 1.000 луѓе.

Ја инспирираме науката, го подобруваме животот