На денешен ден, 14 декември 1995 година, во Елисејската палата во Париз беше потпишан Дејтонскиот мировен договор, со кој, според договорот постигнат на 21 ноември истата година во Дејтон, СAД, официјално заврши војната во Босна и Херцеговина.
Со тој документ официјално заврши речиси четиригодишната војна, а Босна и Херцеговина стана држава од три конститутивни нации и други.
Главни актери на мировните преговори беа и потписниците на Дејтонскиот договор – претседателот на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ и претседателот на Хрватска, Фрањо Туѓман. Сите три држави беа создадени со распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Договорот се состои од 11 анекси, меѓу кои е и Анекс 4 – Устав на Босна и Херцеговина. Тоа го потврди суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Босна и Херцеговина како држава.
Утврдено е дека БиХ се состои од два ентитета – Федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска и дека ја сочинуваат конститутивните народи: Бошњаците, Хрватите и Србите, заедно со другите. Пропишани се надлежностите на БиХ и субјектите, како и односите меѓу институциите на БиХ, како и начинот на измена на Уставот на БиХ.