Фондација Павел Андреев Македонија

ИТНО!!! ⭕️ Помогнете ѝ на оваа самохрана мајка на 2 деца да замине на операција ВЕДНАШ!
Итно ѝ е потребна медицинска помош, но нема доволно средства!

Јас сум Анѓела имам 28 години, самохрана мајка на две малолетни деца, подолг временски период имам проблем со сколиоза .
🥺Сумата за мојата операција сеуште не е собрана, но јас треба што побрзо да ја направам операцијата бидејќи кај мене од сколиозата има дојдено и до деформитет на градниот кош кој ги притиска и белите дробови со тоа што менe ми предизвикува огромни болки и тешкотии при дишењето и движењето кои ме попречуваат во работата. 😢Да напоменам, имам носено корсети, имам правено вежби, физикални терапии но се беше залудно. Покрај мислењата на наши доктори и чекање ред на листа за операција побарав мислење и од доктор од Турција, кој што ми даде добра прогноза за решавање на проблемот. Сега со достигнатата кривина од 83° ми преостанува само операција со цел да се исправи, да ги немам болките, да не дојде до срцева слабост и да не дојде како многу други случаеви што завршиле со најлошото поради сколиозата. Потребната сума за таа операција изнесува 27.000 евра која што ја сама не можам да ја обезбедам. 😢Би ви била благодарна доколку сите вие би ми помогнале во тоа. ❤️
🙏🏻Ве молам споделувајте и кој колку можете донирајте!
🌐 Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
https://pavelandreev.bg/…/da-donirame-za-angjela-za…
✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.