Владата на Катар денеска соопшти дека годинава ќе обезбеди помош во износ од 360 милиони долари за Појасот Газа, со што повторно ќе почне програмата за деескалација на борбите меѓу Израел и движењето Хамас што е на власт на таа палестинска територија .
Катар обезбедува 20 милиони долари за Газа секој месец од 2018 година, а тие пари се користат за плаќање на електрична енергија, јавни службеници и помош на сиромашни семејства.
Дополнителни средства се наменети за проекти како што се нови патишта и болници.
Најавата за нова помош доаѓа во време кога Хамас и палестинските власти се обидуваат да одржат нови избори на палестинските територии.