Во овие тешки времиња за Турција, се разбира дека секоја помош е добредојдена. Посебно ако таа доаѓа од славни личности со кои се подига моралот на турскиот народ да го преживее овој за нив катастрофално тежок период по катастрофалниот земјотрес.
Со оглед на тоа дека првенството во Суперлигата е прекинато, сите клубови со играчите и тренерите, се вклучени во праќање помош на настраданите.
Така и тимот на Фатх Карагумрук, каде што тренер е славниот Андреа Пирло, организираше донации и праќање потребни материјали и средства. Се разбира дека во прв план беше славниот Италијанец со што ги воодушеви Турците.
– Жалам за ова што се случи. Се надевам дека можеме да помогнеме во голема мерка, изјави Пирло.