Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека деновите на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се „одброени“ по судирите поради обидот за доставување хуманитарна помош во кои загинаа две лица.
– Тешко да се одреди точен датум. Уверен сум дека народот на Венецуела ќе се погрижи да му бидат одброени деновите на Мадуро, изјави Помпео за Си-Ен-Ен.
Одлуката на Mадуро да спречи доставување хуманитарна помоп според Помпео е потег на „болен тиранин“. Тој најави дополнителни санкции врз Мадуро и нова хуманитарна помош.