Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Кина дека ги остава САД „зад линијата“ додека се обидува да ја спречи епидемијата на новиот коронавирус.

Помпео во интервју за Си-ен-би-си истакна дека е „неверојатно фрустрирачки“ да се соработува со кинеската Влада за добивање на податоци за новиот коронавирус, што би можело да помогне во пронаоѓањето на вакцина.

– Не заборавајте, ова е коронавирус од Вухан кој предизвика епидемија, а информациите кои ги добивме не беа совршени и не доведоа до ова позиција. Тоа не е начин на кој би требало да се работи. Тоа не е начин на кој Америка работи, неопходни се транспарентност, отвореност и делење на информации, посочи Помпео.

Претходно, американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека 21 човек на крузерот „Гранд принсес“, на кој не  му е дозволен влез во заливот Сан Франциско, се позитивни на Ковид-19.

На бродот има повеќе од 3.500 патници и членови на екипажот. Инфицирани се 19 членови на екипажот и двајца патници.

Пенс истакна дека крузерот ќе биде упатени во „некомерцијалниот“ дел на пристаништето каде сите патници и членови на екипажот ќе бидат тестирани, а потоа ќе бидат испратени во карантин.

Трамп истакна дека повеќе би сакал патниците да останат на крузерот.

– Лично повеќе би сакал да останат, но во целост ги разбирам ако сакат да се симнат, посочи Трамп.

Во САД вчера беа пријавени 57 нови инфицирани лица со Ковид-19. Првпат има во Колорадо, Мериленд, Тенеси и Тексас како и во Сан Франциско. Со што бројката на заразени се искачи на 230, од кои 12 починаа.