Американскиот державен секретар Мајк Помпео за време на денешната посета на Коломбо изјави дека Комунистичката партија на Кина направила „лоши работи“ за Шри Ланка.
Тој изјави дека Кина е предатор.
– Почнувајќи од лошите работи, кршење на суверенитетот и безаконие на копно и на море, Комунистичката партија на Кина е прав предатор, додека САД имаат целосно поинаков приод. Доаѓаме како пријатели, како партнери, истакна Помпео на пресконференцијата во главниот град на Шрил Ланка, Коломбо.
Американскиот државен секретар е во посета на азиските држави, со цел да придобие повеќе сојузници против Пекинг.