Кина можеше да ја спречи смртта на стотици илјадници луѓе во целиот свет доколку беше потранспарентна за новиот коронавирус, тврди американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Кина можеше да го поштеди светот од глобален економски крах. Тие имаа избор, но наместо тоа – Кина го прикри избувнувањето на вирусот во Вухан, изјави Помпео пред новинарите во Вашингтон.

Американскиот државен секретар, исто така, тврди дека „Кина сè уште одбива да ги сподели информациите, неопходни за луѓето да бидат безбедни“.