САД нема да може да разменуваат информации или целосно да соработуваат со држави што користат технологии на кинескиот гигант Хуавеи во нивните информациски системи од клучно значење. Тоа го изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Ако држава го прифати тоа и го воведе во некои од клучните информациски системи, нема да може да разменуваме информации со нив, нема да можеме да работиме заедно со нив, изјави Помпео за Фокс-бизнис.

– Во одредени случаи постои ризик да не можеме да располагаме со американски ресурси, американска амбасада или американски воен пункт, додаде Помпео.

Тој нагласи дека ќе ги сподели со сојузниците деталите за тој „реален ризик“.