Американскиот државен секретар Мајк Помпео повика на прекин на борбите во Јемен и додаде дека следниот месец преговорите за прекин на граѓанската војна треба да почнат под покровителство на ОН.
Помпео во соопштение ги повика бунтовниците Хути да прекинат со напади со ракети и дронови врз Саудиска Арабија и ОАЕ, а коалицијата што ја предводи Ријад да прекине со воздушни напади врз сите населени места во Јемен.
Граѓанската војна во Јемен почна во пролетта 2015 година кога Хутите дигнаа бунт против јеменската Влада предводена од претседателот Абд-Рабу Мансур Хади кој е во егзил во Ријад. Хутите имаат поддршка од Иран и контролираат големи делови од северен Јемен меѓу кои и главниот града Сана.
Во таа војна досега загинаа окоу десет илјади луѓе. Во ударите од воздух на Саудиска Арабија загинаа околу 1.200 деца. САД им даваа логистичка поддршка на коалицијата на Ријад.