Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД сакаат да бидат партнери со Италија, но не по цена на нејзината национална безбедност ако постои ризик во однос на позицијата на Рим кон кинеската технологија за развој на 5 Г мрежата.
– Ние сакаме да бидеме партнер на Италија, но не на штета на американската национална безбедност, рече Помпео за италијанската телевизија Скај ТГ 24, одговарајќи на прашањето за загриженоста на Вашингтон за безбедносните прашања во врска со инфраструктурата за 5Г мобилна мрежа, обезбедена од кинеската компанија „Хуавеј“.
Компанијата, која се наоѓа на црната листа на САД, соопшти во јули дека во наредните три години во Италија ќе вложи 3,1 милијарди долари.