Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД сериозно ја разгледуваат можноста за постигнување на мир во Авганистан и повлекување на трупите од земјата.

Помпео тоа го напиша на неговиот Твитер налог, додавајќи дека САД настојуваат да го зајакнат соверенитетот и независноста на Авганистан.

– САД се сериозно посветени на постигнување мир, спречување ситуации во кои Авганистан повторно би станал место за меѓународен тероризам, како и на враќање на вооружените сили дома, напиша Помпео.