Во Вашингтон започна средбата на американскиот државен секретар Мајк Помпео и Ким Јонг Чол, висок соработник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Како што пренесуваат странските медиуми, двајцата разговараат во хотел во Вашингтон.
Медиумите оценуваат дека разговорот е од големо значење за евентуалната втора средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер.
Можно е севернокорејскиот претставник во Белата куќа да се сретне со Трамп.
Трамп и Ким првпат се сретнаа на 12 јуни минатата година во Сингапур. Тоа беше прва средба на актуелен американски претседател и севернокорејски лидер. Тогаш Ким се заложи за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Ким Јонг Чол требаше да го посети Вашингтон во ноември минатата година, но тогаш посетата беше откажана во последен момент.