САД и порачаа на Јужна Кореја дека не треба да ги зајакнуваат односите со Пјонгјанг побрзо од тоа што Северна Кореја презема чекори за откажување од своето нуклеарно оружје, изјави американскито државен секретар Мајк Помпео.
Тој изрази загриженост дека Сеул „премногу брзо се движи“ со Пјонгјанг.
– Јасно и укажавме на Република Кореа дека сакаме да обезбедиме мир на Полуостровот и денуклеаризацијата на Северна Кореја да не заостанува зад интензивирањето на меѓусебниот однос помеѓу двете Кореи, посочи Помпео.
Тој додаде дека за САД, Северна и Јужна Кореја и се тандем, кои заедно напредуваат.