Американскиот државен секретар ги повика венецуелските сили за безбедност да „постапат правилно“ и да дозволат да се донесе хуманитарната помош во државата.
Во изјавата Мајк Помпео додава дека силите за безбедност може да ги заштитат цивилите од тоа што тој го нарече „вооружени банди“ на претседателот Николас Мадуро и да го заштитат Уставот и владеењето на законите.
– Сега е моментот да се дејствува во поддршка на демократијата и да се одговори на потребите на венецуелскиот народ, нагласи Помпео.