Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека учеството на Турција во вооружениот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан го зголемува ризикот во регионот и го повтори повикот прашањето да се реши преку дипломатија.
Во ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах загинаа неколку стотици луѓе.
– Сега имаме Турци кои се приклучија и му дадоа ресурси на Азербејџан, зголемувајќи го ризикот. Решавањето на овој конфликт треба да се случи само преку разговори и мировни преговори, а не вооружен конфликт, а особено не со вклучување на трети земји кои додаваат оружје во ситуација што е веќе буре барут, нагласи Помпео.
Тој рече дека се надева дека Ерменците ќе можат да се одбранат од она што го прават Азербејџанците и дека сите сериозно ќе го сфатат примирјето, а потоа ќе седнат на масата и ќе преговараат.