Осум училишта во Скопје и две во Прилеп утрово добиле е-мајл до закан за поставена експлозивна направа. МВР инормира дека се вршат антитерористички проверки:
„Денеска (20.02.2023) до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се вели во соопштението на МВР.
Дојави за бомби минатата недела имаше речиси секој ден во училиштата во Скопје, а две закани во училишта во Куманово и четири во Прилеп. Закани стигнуваа и на приватни мејлови на професори. МВР вели дека досега сите дојави биле лажни.