Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Борјана Кришто.
-При средбата изразив искрено сочувство во име на македонската Влада за жртвите и настраданите од невремето во БИХ. Понудив помош и отворена понуда за работите за кои може Македонија да помогне низ европскиот механизам за помош при непогоди, посочи Мицкоски.
Македонскиот премиер порача дека солидарноста е важна работа.
Мицкоски денеска учествува на Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ што се одржува во Дубровник.
На самитот се претставници од 12 држави од регионот, а во состав на македонската делегација, покрај премиерот Мицкоски, е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.