Латино ѕвездата Малума и поп кралицата Мадона се обединија и ја снимија песната „Меделин”, критичарите веќе ја оценија за исклучитечно сензуална.
„Ја запознав Мадона во Њујорк, потоа имав можност да се дружам со неа во Лос Анџелес. Беше во студиото и ѝ се придружив”, рече Малум за дуото.
Оваа песна ќе биде на новиот албум на Мадона „Мадам X”, кој ќе биде објавен на 14-ти јуни.
Тие песната ја започнуваат со одбројување, а потоа Мадона продолжува да пее на англиски, додека Малума пее на шпански.”Песната за кратко време собра повеќе од три милиони прегледи на Јутјуб, а се очекува спотот да биде објавен наскоро.