Откако утрово Скопје беше на шестото место во светот според загаденоста на воздухот на листата на платформата Ајкјуер“ IQAir (Светски индекс за квалитет на воздухот), попладнево падна на 13 место, веднаш пред Осло, Норвешка.
Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 16 и 30 часот по локално време, воздухот во Скоје е „нездрав“ и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително здравје, а концентрацијата ан штетни честички од 171 падна на 160 mg/m3.са.
Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, индиска Калкута, Шангај во Кина, Катманду во Непал, Мумбај во Индија, Карачи во Пакистан и кинескиот град Хангжу.
Поради високото ниво на аерозагадување, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на 27 декември воведе мерки и даде препораки за заштита на населението во Скопје.
Мерките беа укинати вчера, откако Државниот автоматски мониторинг систем утврдил дека на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3.са