Норвешка евакуираше илјадници луѓе бидејќи реките во средата се искачија на највисоко ниво во последните 50 години, а домовите и деловните објекти се потопени или однесени.
Главните патишта беа затворени, а железничките услуги беа прекинати во големи делови на јужна Норвешка, бидејќи реките се излеаа од нивните корита. Властите предупредија на дополнителни поплави кои би можеле да следат наредните денови, бидејќи водата се движи кон ниските крајбрежни региони.
Властите во округот Инландет, една од најтешко погодените области во Норвешка, соопштија дека многу луѓе биле отсечени од поплавите и службите за итни случаи можеби нема да можат веднаш да стигнат до сите на кои им е потребна помош.
„Ние сме во вонредна состојба од национални размери“, истакна во изјавата градоначалникот на Инландет, Ауд Хове.
Владата во средата одлучи да мобилизира повеќе хеликоптери за да учествуваат во евакуацијата, изјавија за TV2 од Министерството за правда и јавна безбедност. Норвешките власти соопштија дека досега нема пријавени смртни случаи.
Силен ветер, силен дожд и лизгање на земјиштето ги погодија Финска и Шведска во последните денови.