Повеќедевните обилни врнежи од дожд ги предизкаа првите проблеми речиси на целата територија на Албанија.

Посебно критична е состојбата во северниот дел на земјата, во околијата Скадар, каде состојбата се очекува да се влошува поради фактот што присутните интензивни дожди условја испуштање вода од хидроелектраните на каскадата на реката Дрим,со цел да не дојде до пукање на браните.

Од најпроблематичните зони почната е евакуација а припадниците на армијата приситигнаа на помош на жителите во погодените подрачја во Скадар и Лежа.

-Ситуацијата се влоши синоќа и посебно денеска што резултираше со зголемување на водостојот од околу 50 см на реката Буна, 30 см во Скадарското Езеро. Поплавени се околу две илјади хектари земјоделски површини. Имаме влошување на состојбата во десеттина административни единици, каде патиштата се непроодни поради висината на вода на коловозите. Луѓето се евакуираат со армиски возила,рече меѓу другото градоначалниката на Скадар Волтана Адеми,во скајп врска за Ора њуз телевизија.

Во меѓувреме, испуштањето на вода од ХЕ може дополнително да ја влоши ситуацијата.

Ова го потврдува и самата Адеми, изјавувајќи дека може да се појави потреба за евакуација на поголем број од жителите и за ова цел, таа вели, дека општината презела мерки за сместување.

Во овој дел има проблеми во нормалното снабдување со електрична енергија. Со истиот проблем се соочуваат жителите на планинските населени места во северната околија Тропоја,но таму поради скинати проводници од снежните врнежи.

Во многу делови има појава на големи одрони од камен и земја на патиштата а поради обилните дождови траспукан е на патот Саранда – Борш, во близина на градот Борш,во јужниот дел на земјата.

Надлежните препорачуваат внимателно возење на целата територија на земјата.